1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија е доведена на работ

БГ12 мај 2015

Избувнувањето на конфликтот покажува дека Македонија политички е на работ, вели пратеникот на СПД Јосип Јуратовиќ. Тој бара нови, демократски избори и импулс од ЕУ за забрзување на процесот на приближување

https://p.dw.com/p/1FOnB
Фотографија: DW/A. Slanjankic

„Состојбата во Македонија беше и останува високо експлозивна. Беше прашање на време кога владината криза ќе се претвори во отворен конфликт“, оценува пратеникот на владејачките германски социјалдемократи Јосип Јуратовиќ во врска со состојбата во Македонија.

Во писмената изјава тој потсетува на судирите во Куманово и наведува дека македонската влада говорела за „терористи од странство“ кои планирале дестабилизација на земјата. Наспроти нив, се погласни се сомнежите дека македонската влада самата ја иницирала оваа насилна акција.

„Во ваква ситуација за мене е тешко прифатливо, барателите на азил да се враќаат во Македонија. Политичкиот прогон, пред сѐ на слободните новинари и на политичките неистомисленици во Македонија сѐ повеќе стануваат секојдневие. Дали Македонија се уште може да се смета за земја со сигурно потекло е прашање кое треба внимателно да се разгледа и доколку е потребно да се суспендира или да се повлече таквата одлука“, наведува Јуратовиќ.

Понатаму тој повикува на нови избори според демократски стандарди за стабилизирање на државата.

„Избувнувањето на конфликтот покажува дека Македонија политички е на работ. Корупцијата и контролата врз медиумите се постојани пречки за една стабилна демократија. На земјата и е потребен функционален парламент. Само преку нови избори, кои ќе ги задоволат демократските стандарди, земјата повторно може да постигне политичка стабилност. Таквиот евентуален успех треба да биде вреднуван од ЕУ со тоа што ќе му се даде нов импулс на процесот на приближување на Македонија кон ЕУ“, наведува пратеникот на СПД Јосип Јуратовиќ во изјавата.