1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Југосталгија во Германија

15 јуни 2007

“Ден на младоста“, се нарекуваше денот кога во поранешна социјалистичка Југославија се славеше роденденот на Јосип Броз, наречен Тито. Беше избран 25 мај, иако претседателот и маршал всушност беше роден на 7 мај.

https://p.dw.com/p/AwvG
„Со маршалот Тито...„.Фотографија: AP

На тој ден на претседателот, во рамките на масовната манифестација, на Стадионот на армијата во Белград, му беше предавана Штафетата на младоста која слично на олимпискиот оган, со недели беше носена низ целата земја. Тито беше многу популарен меѓу младите. Денес, 27 години по неговата смрт, “Денот на младоста“ се уште се слави и тоа во Германија. Сепак, нешто е сменето: од некогашното колнење во братство и едиство, се роди носталгична забава, за која се инетерсираат главно млади луѓе.

Се до неговата смрт во 1980 година, песната “Со маршалот Тито“ не недостигаше на ниту едно славење на роденденот во чест на претседателот и маршал. Таа припаѓаше на стандардниот репертоар на револуционерни песни во поранешна Југославија. Денес повторно се слушаат револуционерни песни и тоа во Германија. Но, како музика за играње на диско-забави:

17 години по почетокот на таканаречените “југословенски војни за наследство“, повторно се слават празниците од времето на социјализмот. Иако, ниту таму, ниту овде никој не ги зема сериозно, туку со иронична дистанца. Веќе насловот на забавите кажува многу:“Тито е мртов! Играјте го Тито“, гласи на пример една забава во Берлин, или “88 црвени балони во чест на другарот Тито“, како што гласи насловот на роденденската забава во Клубот 025 во Франкфурт.

Томислав Полиќ од Хрватска, кој на франкфуртската клуб сцена настапува како Ди-Џеј Томо, е задоволен од југо-носталгијата:

“Луѓето мораат да играат, значи ’Балкан – балрум’ е всушност мешавина од сите можни балкански музички стилови и на сите можни националности“.

Од историска икона на антифашистичката борба до носталгична декорација на една германска диско-забава. Долг пат остави другарот Тито зад себе. Притоа, помалку е важно за младите луѓе, дали и самите го доживеале Тито. Одамна, како тој, така и неговата ера се преселија во царството на симболите. И за 22-годишната Селја од Сараево, која како шест-годишно девојче избега од Сараево пред војната во Босна, и денес порадо зборува германски отколку босански:

“Неговиот роденден не ми значи многу, но музиката и животното чувство поврзано со неа, тоа ми значи многу, иако не е често. Примарно е единството, потоа заедништвото, татковината, се позитивно, топлина, човечност и така“.

Сејла за балканските танц - забави им раскажала и на своите германски пријателки и тие доаѓаат за да ја доживеат невообичаената атмосфера и да играат на егзотичните тонови и ритми:

“Мојата пријателка е Босанска и рече дека неодложно треба да дојдеме, зашто тука настапува познат Ди-Џеј, па сакаше да не претстави зашто и се допаѓа“.

“Немам поим, но би требало да биде добро“.

“И мене ми е слично. Дојдов поради неа, зашто рече дека ќе биде кул. Затоа сум тука“.

Ди-Џеј Томо претставите намерно ги отвора: симболите што ги користи се многу општи. Црвените балони и револуционерните песни се замислени како проект и секој може да се поврзе со она што му се допаѓа:

“Еден дел секако е носталгија, но луѓето што доаѓаат овде сигурно не се носталгични зашто ништо од тоа не доживеале. Станува збор само за асоцијации. На луѓето им е само до забава“.

Тука се и многу деца од втората генерација мигранти, чии родители дошле во Германија како гастарбајтери уште од титово време. Марија и Ива татковината на нивните родители главно ја знаат од годишните одмори и германскиот е нивниот прв јазик:

“Ние доаѓаме од Хрватска и мислевме овде се слуша музика што ја знаеме од таму. Таму се родени нашите родители, ние овде, па сепак слушаме хрватска музика. Југо, се’ Југо“.

Хрватска, Југославија, Балкан...за посетителите на носталгичните забави се’ е еднакво, се припаѓа заедно, како тогаш. Од тие причини тука доаѓа и Сања, родена во Белград:

“Кога доаѓам очекувам да сретнам луѓе од поранешна Југославија. Малку да се нишам во носталгија, малку чувство за дома и музика. Со луѓето да споделам исти чувства зашто веќе ги познавам до половина, бидејќи доаѓаме од исто географско подрачје“.

Кога Тито умре имаше 88 години. По неговата смрт се направи обид да се продолжи неговото дело. Паролата гласеше: И по Тито, Тито. Во негова чест во парковите во Југославија се садеа по 88 дрва.

На подиумот за игра во франкфуртскиот Клуб 025 во меѓувреме рок и поп музиката од 70-десеттите и 80-десттите години ги замени партизанските песни. Низ просторот летаат 88 балони во форма на рози, смеа и забава. Тито конечно велезе во светот на поп-културата, каде што Че Гевара одамна припаѓа.

“Ми плешемо“ е поп-химната на младите од 80-десттите години во Југославија. Денес играт нивните деца на истата музика:

“Ми плешемо“...