1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Кој сѐ ги чита нашите мејлови?

Сабрина Пабст
6 октомври 2016

По информациите дека Јаху во голем стил ја следел имејл-комуникацијата на своите корисници во полза на американските безбедносни служби, се поставува прашањето: кој сѐ ја чита нашата дигитална комуникација?

https://p.dw.com/p/2Qvvs
Yahoo Logo Schriftzug
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Jose Sanchez

Интернет-гигантот Јаху минатата година тајно шпионирал имејл пораки на стотици милиони корисници. Така барем тврди поранешен вработен во концернот. Според него, Јаху во 2015 година добил тајна наредба од една американска тајна служба да ги скенира имејл-пораките на своите корисници. Според поранешниот вработен во Јаху, наредбата дошла или од тајната служба НСА или од сојузната полиција ФБИ.

За да одговори на барањето, Јаху програмирал специјален софтвер кој од април годинава ги пребарува содржините на имејл пораките според определен синџир на знаци (т.н. стрингови, н.з.), пишува весникот „Вашингтон пост“. Ова е прв познат случај на надгледување на комуникација од страна на провајдер, а не од страна на американските власти. Досега властите ги надгледуваа податоците меморирани во определени имејл-поштенски сандачиња. Програма развиена по налог на американската влада е веќе една сосема нова димензија. Јаху само соопшти дека се држи до законите во САД.

Гугл, Мајкрософт и Епл се дистанцираат

„Свиркачот“ Едвард Сноуден во јуни 2013 година информираше дека американските власти за прислушување и надгледување имаат голем пристап до информациите на интернет-претпријатијата. Концерните потоа постојано нагласуваа дека нема генерален пристап, туку дека податоци се даваат само ако за тоа има судски налог. Интернет-гиганти како Мајкрософт, Гугл и Твитер и овојпат се дистанцираа многу бргу и наведоа дека не добиле вакви барања од страна на тајните служби.

Symbolbild Password
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Заштита од имејл-шпионажа

Како корисниците да се извлечат од ваков вид на надзор? Новинарот Маркус Бекедал од Netzpolitik.org во интервју за ДВ вели дека ваков тип на надзор во реално време во Германија не е познат. „Навистина има мониторинг интерфејс кој провајдерите го создаваат за тајната служба БНД, таканаречен СИНА-бокс (кратенка за Безбедна интермрежна архитектура).“ СИНА-бокс е хардвер и софтвер создадени од Сојузната служба за безбедност во информатичката технологија за обработка на чувствителни податоци во несигурни мрежи. Тие би требало да ја обезбедат комуникацијата меѓу претпријатијата и органите на власта. „Корисниците не можат да влијаат врз тоа што таму се меморира“, вели Бекендал. Новиот закон за БНД дозволува надзор на сите интернет-врски, а и скалдирањето на податоците ќе се прави за период од 6 месеци, наместо како досега за три.

Германските понудувачи како Mailbox.org или posteo.de се безбедна алтернатива за американските конкуренти, смета Бекендал. Тие нудат подобра енкрипција, ослободени се од реклами и подлежат на германските закони за заштита на податоци. „Германските провајдери се подобро заштитени со нашите закони, но не може да се спречи нивните корисници да не бидат надгледувани од француските или британските тајни служби.“