1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јапонската „љубов“ кон китовите

СН/дв
3 јули 2019

Традиција наспроти сурова и застарена практика. Јапонците, по повеќе од три децении пауза, повторно пловат во комерцијален лов на китови.

https://p.dw.com/p/3LVhj
BdTD Japan Beginn kommerzieller Walfang
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Nogi

Јапонија го обнови контроверзниот комерцијален лов на китови. На почетокот на неделата, и покрај острите меѓународни протести, неколку бродови отпловија на првиот комерцијален лов на китови по повеќе од 30 години. Имено, заштитниците на природата велат дека ловот на китови е сурова и застарена практика. Но, јапонските заедници за лов на китови го прославија овој потег, велејќи дека тоа е дел од нивната традиција: „Тоа што можам да бидам тука и да ги испратам комерцијалните бродови на лов за првпат во 31 година, е нешто што сметам дека е многу емотивно за оние кои работат за продолжување на овие ловови и среќен сум од длабочината на моето срце“, рече на свечената церемонија Шигето Хасе, директор на Агенцијата за риболов на Јапонија.

Погледнете го видеото на оваа тема:

Јапонците повторно во лов на китови

Во Јапонија од 1988 година беше забранет комерцијалните лов на големи китови, со одлука  на Меѓународната комисија за лов на китови (ИВЦ) во 1988 година. Тоа предизвика и соодветно намалување на интересот за месо од кит - дотогаш омилен деликатес на Јапонците - на пазарите. 

Japan Walfang | Walfleisch-Verkauf in Minamiboso
Фотографија: Reuters/I. Kato

Но земјата ја напушти ИВЦ пред шест месеци за да продолжи со ловот, со образложение дека само мал број видови китови се загрозени.

Јапонската агенција за рибарство годинава одреди квота за лов на 227 посебни видови китови.