1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што јаделе луѓето пред 5.000 години?

16 јули 2018

Нова студија открива дека мумифицираниот човек познат како Еци се гостел со месо од диви кози и елени. Претходните истражувања откриваат како древните луѓе се бореле против инфекциите, забните болести и стресот.

https://p.dw.com/p/31Wo4
Ötzis letztes Mal
Фотографија: picture-alliance/Eurac via Eurekalert/Southtyrolarchaeologymuseum/M. Samadelli

Еци, алпскиот човек чие мумифицирано тело предизвика сензација откако беше откриено пред неколку децении, имал полн стомак со месо од алпски диви кози, елени и житни зрна кога починал пред околу 5.300 години, открива новата студија на италијанскиот Институт за студија на мумии. Еци најверојатно го јадел месото живо или сварено, вели истражувачот Франк Мајкснер, додавајќи дека дивите кози и елените биле редовно на неговото и на менито на неговите современици.
Маснотиите сочинувале околу 50 проценти од стомачните остатоци на Еци во времето кога починал. Големите количества маснотии, вели Мајкснер, на древните алпски жители им давале доволно енергија за искачување на големите височини во подолг временски период. Откритијата на Мајкснер и на неговите колеги беа објавени во научното списание Актуелна биологија.

ICEMAN - Die Legende von Ötzi
„Легендата за Еци“ доби и своја филмска верзија во 2016 годинаФотографија: picture-alliance/dpa/F.Hörhager

Не поднесувал лактоза

Туристи го пронајдоа телото на Еци замрзнато на Алпите во 1991 година. Но анализата на неговиот стомак стана возможна дури од неодамна, откако во 2009 година научниците открија дека тој се префрлил во друг дел од неговото тело. Претходните анализи на телото на Еци открија дека тој бил нетолерантен на лактоза, страдал од инфекција, забен кариес, стрес и Лајмска болест.
Но научниците тврдат дека прегладнетост или болест не му пресудиле на најпознатиот замрзнат човек во светот. Се верува дека починал откако бил застрелан со стрела во рамото.