Што остана од Револуцијата на 1960-те?
Како 1960-те влијае врз поп-културата? Најновата изложба во лондонскиот Викторија и Алберт музеј фрла поглед врз бунтовната ера која го промени светот.
Што е револуција?
Секс, дрога и рокенрол? Изложбата „Велиш дека сакаш револуција“ во лондонскиот Викторија и Алберт музеј ги надминува тие граници. Генерацијата 1960. сакаше промена, слобода и мир. Од 10 септември посетителите можат да го истражуваат менталитетот на таа ера низ музиката, дизајнот, технологијата и уметноста.
Sgt. Pepper's Lonely Hearts Club Band
Изложбата е насловена според песната на Битлси- бендот кој несомнено ја револуционализираше поп-музиката во 1960. Коверот на славниот албум од 1967 е претставен во Лондон. Тоа беше еден од првите концептуални албуми и стана обележје во историјата на поп-музиката.
Портрет на една генерација
Филмот "Blow Up" од 1966 година се движи меѓу реалноста и замислената реалност. Еден фоторепортер верува дека сликал убиство и се обидува тоа да го докаже, но не успева. Дејствието е сместено во дивиот Лондон во 1960. со неговите забави и музика. Бендот Јардбрдс уништува гитари на своите концерти, а дрогата е вообичаено во темните градски клубови.
УФО- Лондонската андерграунд сцена
Лондонскиот клуб УФО беше познат по своите психоделични постери и светлечко шоу, но и по откривањето на извонредни бендови. Постоеше само од 1966 до 1967. Доволно за таму да настапат Пинк Флојд, Прокол Харум и Артур Браун. Лудите голи настапи на Браун со запалени шлемови беа најпознати. Неговиот сингл „Оган“ и деби-албумот „Лудиот свет на Артур Браун“ беа меѓународен успех.
Опуштената фотелја
Оваа „Џин фотелја“ се прослави со филмот на Стенли Кјубрик „2001: вселенска одисеја“ од 1969. Дизајнирана од Оливер Мургу, таа стана стилска икона. Позната и како „опуштената фотелја“ нејзиниот изглед беше типичен за 1960-те. Опуштено наместо згрчено седење - тоа беше на линија со револуционерниот Цајтгајст на тоа време.
Бремениот маж
Во 1970 година, маркетинг агенцијата Крејмер Сачи Англија, предизвика бура со овој постер. Целта беше да се направат мажите посвесни за контролата на раѓање, наместо само да им ја делегираат одговорноста на жените. Клучната порака беше: Користете кондом! Сексуалната револуција тукушто започнуваше.
Отровни тестови
Комуна од Калифорнија која се нарекуваше Merry Pranksters (Весели шегаџии) беше на чело на хипи движењето. Организираше забави и настани на кои дрогата се користеше во големи количества - вклучително и ЛСД, која сѐ уште беше легална тогаш. Забавите беа нарекувани „Acid Test“ како игра на зборови со прекарот на дрогата. Овој постер беше дизајниран од славниот уметник Вес Вилсон.
Моќта на цвеќето
Цвеќе наместо оружје! Поетот Алан Гинзберг користеше цвеќе како симбол на пасивниот отпор против насилството. Во доцните 1960-ти, демонстрантите ставаа цвеќе во цевките од оружјето на полицијата во знак на протест против војната во Виетнам. Хипиците го искористија симболот и почнаа да ставаат цвеќе во нивните коси и на облеката - и станаа познати како деца на цвеќето.
Изјава за мир
Вудсток 1969 беше силно поврзан со мировното движење од таа декада. Додека САД водеа војна, стотици илјади го славеа музичкиот фестивал со пораката: водете љубов, а не војна. Фестивалот подоцна стана музичка пресвртница, но и го означи крајот на хипи движењето. Субкултурата потоа се разви во поп-култура.