1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што има лошо во нееднаквоста?

Улрих Клаус/сн28 март 2016

Расправата за континуираното исчезнување на еднаквите шанси за сите ги возбудува духовите во германската јавност. Големо внимание им се посветува на оние кои гледаат сѐ поголем јаз меѓу богатите и сиромашните. Со право?

https://p.dw.com/p/1IJRw
Фотографија: picture alliance/blickwinkel/McPHOTO

Прашањето за нееднаквост во Германија е постојано на дневен ред. Во моментов, повторно има голем број нови публикации. „Франкфуртер алгеманјне цајтунг“ (ФАЦ) започна цела низа прилози, од кои некои се контроврезни, околу фундаменталното прашање: што е морално да се осуди кај нееднаквоста? Меѓу нив е и изводот од новата книга „Борба за распределба на богатството“ од Марсел Фрачер, шеф на Германскиот институт за економски истражувања. За него, преубавата слика за Германија како држава на благостојба, не е ништо повеќе од илузија.

„Шпигел“ речиси истовремено со излегувањето на оваа книга објави ударна приказна на тема: Економската теорија по која нееднаквоста е својствена за природата на функционалната пазарна економија, започна да се ниша. Иако економистите и натаму сметаат оти одредениот простор меѓу врвот и дното на општеството е предуслов за мотивација и со тоа за напредок, економскиот раст и иновации, сега многу стручњаци признаваат дека преголемата нееднаквост е штетна за економијата.

Намалување на благосостојбата поради нееднаквост

Прво, ММФ во студијата која опфати стотина развиени земји и земји во развој, истакна дека „растот на нееднаквост е поврзан со намалување на растот на производство“. Потоа,Организацијата за еконономска соработка и развој пресмета оти зголемената нееднаквост во Германија довела до пад на брутодомашниот производ (БДП) од 6 насто.

Овие студии не останаа без коментар. Така, Институтот за германска економија (ИВ), близок до работодавачите, во посебна студија заклучи дека материјалот е „премногу сложен за едноставна вистина“. Иако анализата покажува оти нееднаквоста може да има негативно влијание на растот, тоа не важи генерално, туку само во земјите со слаба економија. Како репер е земена земја со БДП од само 9.000 долари по глава на жител, бидејќи во тие земји сиромашните групи од населението се обично исклучени од образование, а општествениот систем во целина е прилично нестабилен.

#bbild#

Во индустриските земји, како што е Германија, односот помеѓу нееднаквоста и растот е, меѓутоа, повеќе позитивен, бидејќи нееднаквоста го зголемува поттикот за претприемаштво и иновации. Тоа барем важи додека нееднаквоста не стане прекумерна. Останува отворено кога доаѓа до момент кога нееднаквоста станува прекумерна.

Стандарден коефициент на економска благосотојба

Во овој момент за заинтересираниот лаик материјата станува апстрактна, бидејќи ИВ воведува Џини (ГИНИ) индекс или Џини коефициент. Тоа во економијата на благосотојба е стандарден коефициент со кој се опишува степенот на еднаквост или нееднаквост во рапределба на средствата или приходите, наречен по италијанскиот статистичар Корадо Џини.

ИВ сега пресмета дека ако Џини коефициентот е поголем од 0,35 нееднаквоста има тенденција да го задуши економскиот раст. Објаснување: вредноста 0 значи дека сите имаат исти приходи, значи владее апсолутна еднаквост. Вредноста 1 значи дека еден човек поседува се’- што е апсолутна нееднаквост. Во индустриските земји просекот на Џини коефициентот е 0,32, а во Германија 0,29. Во САД тој изнесува 0,40 и таму ситуацијата навистина е толку розова.

Предупредување против популизмот

Ларс. П. Фелд и Кристоф М. Шмит се економски експерти и велат дека постојаното тематизирање на сѐ поголемата нееднаквост во Германија е само „скандализирање на нешто целосно неспектакуларно, провиден, но безопасен маркетинг трик“. Меѓутоа, на тој начин на јавноста- понекогаш сигурно намерно- и’ се одвлекува внимание од проблемите во државата која има се’ помалку сила да обезбеди идните економски делувања во државата да имаат висок просперитет“. Поради тоа, тие предупредуваат: „На тоа не би требало да се уловиме.“