1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

--

2 ноември 2011

Ако граѓаните на Грција на планираниот референдум гласаат против европскиот пакет помош, тоа би можело да доведе до напуштање на еврото и излегување на земјата од еврозоната . И тоа ни од далеку не е се’.

https://p.dw.com/p/133YB
Парламентот во АтинаФотографија: dapd

Доколку презадолжената Грција повеќе не ја добива помошта во милијарди евра, банките ќе бидат на губитничката страна. Тие само што изразија подготвеност да се откажат од 50 насто од своите побарувања , но во случај на банкрот на Грција би можеле да бидат 80 проценти и повеќе.

Според проценките на финансиската куќа Номура германските банки во тој случај би морале да сметаат на дополнителен минус од 9 милијарди евра, а француските банки дури на 16 милијарди евра. Европската Централна Банка, која во минатите месеци на големо купуваше грчки државни обврзници би имала загуба од 22,5 милијарди евра, смета Номура.

Belgien EU Symbolbild Euround Griechenland Krisengipfel
Крај или шанса за еврото?Фотографија: dapd

Крај на еврото или шанса за нов почеток

И за самата Грција би произлегле многу закани:

130 милијарди евра од европскиот фонд за помош би изостанале. 50 милијарди евра грчката држава им должи на домашните банки- и нив би можело да ги снема. Тешко би било да се дојде до пари, и да се исплаќаат платите, невработеноста натамошно би растела .

И потоа би можел да настапи и домино ефект. Други презадолжени држави би можеле да паѓаат по Грција, на пример Италија и Шпанија. Тоа би можело да значи крај на еврото или како што сметаат други експерти, шанса за нов почеток.

Автор: Бенјамин Ајсел/ Симе Недевски

Редактор: Борис Георгиевски