1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпанскиот крал Хуан Карлос абдицира

ЕМФ/ртр/афп/дпа2 јуни 2014

Шпанскиот крал Хуан Карлос се повлекува од престолот, соопшти денеска (2.06) премиерот на Шпанија, Маријано Рахој. На престолот ќе дојде синот на Хуан Карлос, Фелипе.

https://p.dw.com/p/1CANR
Фотографија: Reuters

Одлуката на кралот Хуан Карлос да абдицира е големо изненадување, со оглед на тоа што тој досега тоа стриктно го отфрлаше.

Уставот ќе биде променет, за да се овозможи повлекување на кралот, најави премиерот на Шпанија, Маријано Рахој денеска во Мадрид. „Убеден сум дека е ова најдобриот момент за промена“, рече Рахој, додавајќи дека личните причини биле мотив за абдицирање на Хуан Карлос.

Шпанскиот монарх на престолот седна во ноември 1975 година. Имиџот на 76-годишниот Хуан Карлос, кој има здравствени проблеми, во последно време беше оштетен прилично од повеќе корупциски скандали и погрешни постапки. Во едно истражување на јавното мислење, две третини од Шпанците се изјаснија за повлекување на Хуан Карлос. Според мнозинството граѓани, крал треба да биде неговиот син Фелипе.

Минатата година, по повеќе од 30 години на тронот, абдицираше холандската кралица Беатрикс. Нов крал стана нејзиниот син Вилем Александер. „Не се повлекувам затоа што оваа функција ми стана претешка, туку поради убеденост дека одговорноста за нашата земја сега мора да биде во рацете на новата генерација“, рече Беатрикс минатата година, непосредно пред нејзиниот 75. роденден.