1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шојбле е оптимист

23 ноември 2011

Германскиот министер за финансии очекува еврозоната да закрепне во рок од 12 месеци.

https://p.dw.com/p/13FEd
Фотографија: picture alliance/ZB

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека самитот на лидерите на ЕУ закажан за 9. декември „брзо“ ќе ја врати еврозоната на вистинскиот пат.

„Тоа ќе се случи за помалку од 12 месеци, а верувам дека одлуката ќе биде донесена на 9. декември“, прогнозираше Шојбле. Тој најави промени во темелните договори на ЕУ, кои треба да ја смират загриженоста на пазарите и да ја зајакнат фискалната дисциплина.

Од друга страна, Европската комисија предупреди пет земји членки на ЕУ дека треба да преземат итни мерки за намалување на буџетскиот дефицит. Белгија, Полска, Унгарија, Кипар и Малта, според ЕК, имаат најсериозни буџетски проблеми, и им се закануваат санкции, ако не ги преземат неопходните мерки.

Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен изјави дека до 15 декември тие треба да претстават пред ЕК мерки за консолидирање на државните финансии.

Автор: БГ/дв/бета

Редактор: Симе Недевски