1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шок и изненаденост по најавата на Папандреу за референдум

1 ноември 2011

Опозицијата во Грција и европските партнери се изненадени од предлогот на грчкиот премиер Папандреу за референдум на кој Грците би се изјасниле околу европскиoт пакет за финансиска помош. Берзите во Европа се во шок.

https://p.dw.com/p/132mU
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу повторно внесе немир на берзите и кај европартнеритеФотографија: dapd

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу ненадејно најави намера за референдум за почетокот на наредната година на кој граѓаните би требало да се изјаснат околу европскиoт пакет за финансиска помош за Грција. Опозицијата во Грција и европските партнери се изненадени од предлогот на премиерот Папандреу.

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија, Андонис Самарас денеска го отфрли предлогот на премиерот за референдум и наместо тоа повика на одржување итни предвремени избори.

„Изборите се национална нужност“, изјави Самарас по средбата со претседателот на државата, Каролос Папуљас.

Лидерот на опозицијата уште предупреди дека повикот на Папандреу за референдум го доведува во ризик членството на Грција во ЕУ, додавајќи дека неговата Нова демократија е одлучна да се спротистави на такви „опортунистички“ експерименти.

Belgien EU Griechenland Finanzkrise Antonis Samaras
Лидерот на опозициската Нова Демократија, Андонис Самарас побара итни избори во ГрцијаФотографија: dapd

Стрмоглав пад на вредноста на акциите на ервопските берзи

Грчките опозициони партии ја обвинуваат владата дека со референдумот сака да се задржи на власт. Повеќемина пратеници се сомневаат дали предлогот на Папандреу воопшто може да се спроведе.

Deutschland Wirtschaft Börse in Frankfurt Rezessionsangst Anzeigetafel
Берзите денеска трпат големи загубиФотографија: dapd

Финскиот министер за Европа Александер Стуб во телевизиско интервју изјави дека такво гласање, со оглед на актуелната ситуација, фактички би бил референдум за грчкото членство во еврозоната. Портпарол на министерството за финансии во Берлин изјави дека станува збор за внатрешно-политички развој во Грција за кој Германија се’уште нема официјални информации.

И Европската комисија соопшти денеска дека не била официјално информирана од грчката Влада за плановите за организирање референдум за планот за спасување на економијата од 130 милијарди евра.

Намерата на грчкиот премиер Јоргос Папандреу да организира референдум околу најновиот европски план предизвика шок при отворањето на европските берзи. Берзата во Париз го започна денот со пад од 1,89 процент. Во Франкфурт индексот на берзата Дакс изгуби 3,5 отсто. Берзата во Лондон исто така при отворањето загуби 1,71 отсто, додека берзата во Мадрид три проценти.

Автор: АТ/СН/ртр/дв/миа

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема