1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Во стилот на викинзите

Петер Копен
2 јули 2019

Во потрагата по поедноставен живот, сѐ повеќе Норвежани го оживуваат наследството на нивните предци. Но дали, исто така, посегнуваат и по меч и секира?

https://p.dw.com/p/3LRTN
Schetland Inseln Wikinger Up Helly Aa Viking Festival
Фотографија: picture-alliance/empics/A. Milligan

Викинзите се озлогласени како ограбувачи и поробувачи на Европа. Но, не биле сите крвожедни авантуристи со меч и секира.

Јепе Нордман Гарли е професор по викиншка култура. „Само мал број од викинзите биле прилично брутални, и не би сакале да се чепкате со нив. Но, повеќето викинзи не патувале во странство - тие се грижеле за сопствената куќа и огниште".

Поставување на шатор или потпалување оган со камен: Норвежаните копнеат по поедноставен живот и посетуваат курсеви за да ги научат вештините на своите предци: „Во училиште, не се учи ништо за секојдневниот живот на викинзите, но токму тоа е неверојатно фасцинантно", вели студентот Вебјорн Слингер.

Погледнете го видео-прилогот на оваа тема:


Во стилот на викинзите

Други, пак ја преферираат воинствената слика на северњаците. Група на хоби-викинзи наречена „Луѓето на Олаф“ е посветена на одржување на средновековното наследство на Норвешка.

„Денес, живееме во култура која ја вреднува интелигенцијата. Ако некој е добар во училиште, ќе напредува. Но, во викиншката ера, секој што можел да крене тежок камен, бил високо ценет", објаснува членот на групата Андерс Квале Ру.

Комплетна борбена опрема или едноставна селанска облека. Каков би бил вашиот избор?