1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шведска изолирана во Скандинавија поради корона-бројките

СН/агенции
12 јуни 2020

Шведска се повеќе е изолирана меѓу скандинавските соседи поради се уште високите бројки на заразени од коронавирусот. По Данска и Финска, сега и Норвешка ги изостави Швеѓаните од олеснувањето на патните ограничувања.

https://p.dw.com/p/3dhr4
Schweden Corona-Pandemie in Malmö
Фотографија: imago images/TT/J. Nilsson

Норвешка во понеделник, на 15 јуни, ќе ги отвори своите граници за сите соседни земји со исклучок на  речиси цела Шведска, каде епидемијата на коронавирусот и натаму е активна, соопшти денеска норвешката влада.

Осло уште порано најави дека ќе ги отвори границите со Данска од 15 јуни, сега ја проширува оваа мерка и на Финска, Исланд и Шведска, но тоа се однесува само на региони каде нивото на епидемијата е прифатливо, изјави премиерката Ерна Солберг на конференцијата за новинари.

Во пракса кога ќе се земат во предвид квантитативните и квалитативните критериуми само шведскиот остров Готланд, во Балтичкото море, во прво време ќе биде отворен за патување без задолжителен карантин.

Повеќе:

-Коронавирус во Шведска: Си заминуваат разочарани странски работници  

-Шведскиот експеримент со Ковид-19 на стаклени нозе

-Специјалниот пат на Шведска во кризата со коронавирусот

Солберг рече дека епидемијата во Норвешка е под контрола и заразата која би дошла од странство би можела да доведе до повторно избивање на епидемија во земјата. Епидемиолошки нордиската зона ќе се преиспитува секои 14 дена. Засега официјално не се препорачуваат патувања во останатите земји кои се во близна, Германија и Балтичките земји.

Европската комисија вчера препорача да се укинат сите рестрикции за патувања во рамки на Европската унија од 15 јуни. Норвешка не е членка на ЕУ, но припаѓа во шенген зоната, која го опфаќа повикот од Брисел.Од понеделник Норвешка, исто така, ќе ја зголеми бројката од 50 на 200 луѓе кои ќе можат да се собираат на отворен простор под услов да почитуваат физичко дистанцирање. Од овој датум ќе можат повторно да се отворат фитнес и аква центрите, како и базените.

Норвешка на дневно ниво бележи само по неколку нови случаи на заболени од коронавирусот, а во земјата досега вкупно починаа 242 лица. Во Шведска која применува поблаг пристап за справување со коронавирусот и натаму растат бројките на инфицирани а дневно умираат над десетици луѓе. Досега во земјата со приближно десет милиони жители  регистрирани се околу 50.000 случаи на Ковид-19  а од последиците од болеста  починале околу 4850 лица . Тоа се над четири пати повеќе смртни случаи отколку во остатокот од Скандинавија заедно.