1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Чудовиштето од истокот“ ја окова Европа во мраз

1 март 2018

Предупредувања за екстремни студови се објавуваат ширум Европа. Континентот е погоден од обилни врнежи од снег и ниски температури. Најмалку 45 лица досега ги загубиле животите во Европа како резултат на студот.

https://p.dw.com/p/2tVJW
Bildergalerie Kältewelle Europa Großbritannien
Селото Бренчли во југоисточна АнглијаФотографија: Getty Images/AFP/B. Stansall

Од крајот на минатата недела кога започна студеното време, 18 лица починале во Полска, шест во Чешката Република, пет во Литванија, по четири во Франција и Словачка, по двајца во Италија, Србија и Романија и по едно лице во Словенија и Холандија.

Растот на температурите над Арктикот ја ослабнаа воздушната струја која вообичаено го носи топлиот воздух од Атлантикот. Како резултат на тоа, силниот наплив на студен воздух од Сибир донесе снег и виулици од исток.

Schnee in Rom Italien
Статуата на Св. Петар во ВатиканФотографија: picture alliance/dpa/E. Vandeville

Студеното време си доби и специјални имиња во земјите низ кои минува. Во Велика Британија го нарекуваат „Чудовиште од истокот“ ("Beast from the East"), во Холандија - Сибирска мечка, а во Шведска - Снежен топ. Од Црното море до шпанскиот каталонски брег - речиси цела Европа е под снежна обвивка. Италијанскиот Неапол е прекриен од снег за првпат од 1956 година.

Најголемиот број од жртвите на студот биле бездомни луѓе. Повеќе европски држави побрзаа да отворат дополнителни прифатилишта за да ги заштитат луѓето без кров над глава.

Bildergalerie Kältewelle Europa Griechenland
Снежното невреме зафати и големи делови од Грција. Фото: градот Хортиатис на 40 километри од СолунФотографија: Getty Images/AFP/S. Mitrolidis

Температурите во делови од Европа во текот на изминатата ноќ се спуштија до минус 20 степени. Во Ирска и Шкотска властите ги издадоа највисоките - црвени предупредувања до граѓаните, кои означуваат опасност по живот - и ги повикаа да останат во своите домови. Училиштата и универзитетите вчера останаа затворени, а денеска се затвораат и делови од јавниот превоз.

Во Македонија од вчера е прогласена „портокалова фаза“. Се препорачува и ослободување на бремените жени и лицата над 60 години од работа и реогранизација на работното време од 10 до 16 часот со повремени паузи од 30 минути, во топли простории на секои 2 часа за работниците кои работат на отворено.

Winter in Niedersachsen, BdT mit Deutschlandbezug
Замрзнати стебленца на поле во германската покраина Долна СаксонијаФотографија: picture-alliance/dpa/O.Spata

Властите апелираат да се избегнува физичка активност на отворено, носење топла повеќеслојна облека, консумација на топли напитоци и редовно земање на терапија кај хронично болните лица.

Викендов се очекува топол бран од јужна Европа и затоплување низ целиот континент.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид