1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човековите права остануваат идеал

10 декември 2018

Седум децении по усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, тие и натаму се кршат ширум светот. Постои и модерно ропство, и тоа и во развиените земји. Многу причини за славје-нема.

https://p.dw.com/p/39ms4
UN-Menschenrechtscharta
Фотографија: picture alliance/Photoshot

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви во достоинството и правата“- едноставна реченица која требаше да го промени светот. Кога на 10 декември 1948 година во Париз беше усвоена Резолуцијата 217 на ОН, беше тоа првпат меѓународната заедница да се сложи дека за сите луѓе важат истите човекови права. Универзалната декларација за човековите права додуша не е обврзувачки договор. Но, според зборовите на комесарот за човекови права на ОН, Сеид Рад ал Хусеин, „им помогна на многу луѓе да добијат повеќе права и слобода“.
Но, според податоците на ОН, човековите права и натаму „редовно се кршат“. Во 2017 се случуваа „напади во енормни размери на вредностите врз кои почиваат човековите права, значи на достоинството и рамноправноста на сите луѓе“, се наведува во извештај на Амнести Интернешнл.
Хјуман Рајтс Воч забележува дека многу демократии, меѓу нив и САД, „поради судири на внатрешнополитички план“ се помалку се во состојба да се залагаат за човековите права во светот.
Но, што е со вредностите кои ги пропагира Конвенцијата за човековите права? Каде се бележи напредок, а каде назадување?

Според членот 4. од истата, „никој не смее да се држи во ропство или потчинетост: ропството и трговијата со робови се забранети во сите облици“.
Иако ропството е забрането, приказните за ропски услови ги има во сите медиуми. Според Глобалниот индекс на ропство на австралиската Фондација Оди слободно, повеќе од 40 милиони луѓе во светот се во модерно ропство- тоа е поим кој ги опфаќа должничкото ропство, присилната работа и присилната проституција. Модерното ропство е особено раширено во воените и кризни региони, вели Беате Андрес раководителка на огранок во Меѓународната организација на трудот.
Според податоците на повеќе организации, модерното ропство е најраширено во Африка, потоа во пацифичка Азија, Океанија и Австралика, Европа и централна Азија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи