1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Четири жртви во престрелка во Белгија

ЖА / агенции
29 мај 2018

Во престрелка во белгискиот град Лиеж денеска загинаа четири лица. Вооружен маж убил тројца луѓе, меѓу кои двајца полицајци, пред да биде застрелан од безбедносните сили.

https://p.dw.com/p/2yVHF
Belgien Schießerei in Lüttich
Фотографија: Reuters/M. Wilmet

Во центарот на градот Лиеж во Белгија, денеска претпладнето маж истрелал повеќе куршуми врз полицајци, убивајќи двајца од нив, како и совозач на еден автомобил, по што се забарикадирал во едно училиште и зел еден заложник, јавува белгиската новинска агенција Белга, повикувајќи се на полициски извори. Специјална полициска единица потоа го застрелала напаѓачот. За неговите мотиви засега ништо не е познато.

Белга јавува дека истрелите во градскиот центар се чуле околу 10 часот и 30 минути. Напаѓачот, откако убил три лица, успеал да се засолни во блиската гимназија, каде за заложник зел една чистачка. Специјалната полициска единица кратко потоа успеала да го убие. Учениците во гимназијата во Лиеж се на безбедно, изјави градоначалникот на Лиеж, Вили Демајер.

Во инцидентот се повредени двајца полицајци. Белгискиот министер за внатрешни рабпти Жан Жамбон на Твитер напиша дека националниот Кризен центар ја следел ситуацијата.

Белгиските медиуми известуваат дека наводно вооружениот напаѓач извикал на арапски „Алах Акбар“, „Господ е голем“.

Четири лица убиени во Лиеж