1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цените на нафтата паѓаат и без Иран

Ролф Венкел / Е.М. Фиданоска1 август 2015

Цените нафтата паѓаат ширум светот, и тоа со години. Тоа што Иран по договорот во атомскиот спор повторно настапува на сцената како доставувач на нафта, е само мало камче во мозаикот

https://p.dw.com/p/1G6ym
Фотографија: Colourbox

Александер фон Герсдорф од Економското здружение за минерални масла во Берлин се‘ уште точно се сеќава: „Пред една година цената на сортата Брент изнесуваше 110 долари за барел (159 литри). Сега цената е 55 долари за барел, значи преполовена е.“ Американската сурова нафта од сортата ВТИ (West Texas Intermediate) неодамна падна дури и под 50 долари и тоа уште пред Иран да извезе дополнително и една единствена капка нафта.

Додека Иран повторно почне за извезува нафта во обем кој е вреден за споменување, ќе мине уште време. Прво, повторно во „добра форма“ би требало да се вратат три години запрените постројки за црпење нафта и за транспорт. Експертите за сурова нафта од Комерцбанк сметаат дека Иран во средината на 2016 година би можел да црпи половина милион барели нафта дневно. За споредба - во моментов државите на ОПЕК црпат значително повеќе од 30 милиони барели дневно.

Александер фон Герсдорф оценува дека има други поголеми причини за падот на цената на нафтата: растечкото производство на нафта во САД и послабата побарувачка во Кина. „Во САД производството на нафта не се намалува наспроти поинаквите прогнози. Тоа е на многу високо ниво, на ниво како на почетокот на 70-тите.“

Symbolbild Ausfall der Ölpreise
Фотографија: picture-alliance/dpa

САД не го намалуваат производството

САД само минатата година го зголемија своето производство за над 16% - на 516 милони тони. Со тоа тие, покрај Саудиска Арабија и Русија, станаа трети во свето по производство на нафта, иако речиси половината од тоа производство се одвива преку скапиот фрекинг-процес.

„Тука, од друга страна, ја имаме Кина, каде економијата не се развиваше толку силно како што првично се мислеше“, додава Герсдорф за ДВ. „Тоа пак има последици по побарувањачката на нафта, која во Кина не е толку голема како што се очекуваше.“ Покрај сето ова, треба да се додаде и дека во многу земји во забрзан подем конјунктурата подзапира, па со тоа и во тие земји, како Русија или Бразил, побарувачката по енергија е помала.

Освен тоа, картелот на земјите извознички на нафта ОПЕК сега води поинаква политика отколку порано. Во минатото картелот секогаш можеше да држи високи цени на светскиот пазар со тоа што членките имаа извесна дисциплина - тие едноставно произведуваа помалку отколку што тоа технички беше можно. Така се намалуваше понудата на нафта во светот и се одржуваа високите цени.

Меѓутоа, денес картелот не е толку моќен како порано, поради тоа што со своите 1,7 милијарди тони нафта годишно чини само околу 40% од глобалната понуда на нафта. Сепак, според мислењето на Герсдорф, картелот и натаму игра се‘ уште важна улога: „Тој во моментов - и тоа многу свесно - се грижи за голената понуда, за да се види дали може од пазарот да се истуркаат другите производители. Така барем тврдат набљудувачите кои ги познаваат состојбите.“

OPEC Fahne Logo
ОПЕК не е толку моќен како пораноФотографија: picture-alliance/dpa

Притоа, под „други производители“ многу очигледно се мисли на САД. Порано Саудиска Арабија постојано го намалуваше своето производство со цел да се стабилизира цената на нафтата. Денес оваа земја го држи производството на околу 10 милиони барели дневно, наводно за да ја спутши цената на нафатата толку за фрекингот во САД и Канада веќе да не се исплати.

Долгорочно побарувачката се зголемува

Покрај големата понуда и послабата побарувачка, улога играат и други фактори. Така, барем во индустриските држави, економскиот пораст и потрошувачката на сурова нафта, фактори кои порано беа тесно поврзани еден со друг, сега се речиси сосема независни еден од друг. „Тоа може да се докаже и конретно, со бројки. Овде, во Германија, бележиме слаб економски пораст. Потрошувачката на бензин во првата половина од годинава меѓутоа е намалена за 2%. Бензинот и дизелот се трошат се‘ поефикасно. Кај нас е веќе така, но тоа не важи толку многу и за светот“, нагласува Герсдорф.

Symbolbild Preis für Öl steigt auf neue Rekordhöhe
Во индустриските држави, економскиот пораст и потрошувачката на сурова нафта сега се речиси сосема независни еден од другФотографија: picture-alliance/ dpa

Во светот многу повеќе важи дека побарувачката на енергија во наредните 20 години ќе се зголеми за 35 до 50 проценти, проценуваат експертите. Со порастот на побарувачката заедно оди и чудесното зголемување на глобалните резерви на нафта: „Резервите со нафта, и покрај големата светска потрошувачка од 90 милиони барели дневно, стануваат поголеми, а не помали.“

Тоа, според Герсдорф, се должи како на конвенционалните наоѓалишта на нафта, како на пример пред двата брега на Атлантикот, пред Африка и Јужна Америка, така и на новите технологии како што е фрекингот.