1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хауит: Неприфатливо статус-кво на Македонија

29 февруари 2012

Македонија веќе подолго време е подготвена да ги започне преговори за влез во Европската унија,истакнува во интервју за МИА известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Хауит.

https://p.dw.com/p/14C02
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард ХауитФотографија: picture alliance/dpa

„ Хашката пресуда и почитувањето на меѓународното право - главниот аргумент со кои Република Македонија настојува да си го отвори патот кон евроинтеративниот процес е факт што Советот на ЕУ, одделно секоја држава - членка на ЕУ, како и секоја останата меѓународна институција, треба да го почитува, вели Ховит во интервјуто за МИА, но додава и дека тоа не вклучува и постоење на кратка варијанта за решавање на спорот. Хашката пресуда, наведува тој, придонесува за надминување на проблемот, но решението ќе произлезе единствено од преговорите.

Во март ЕП треба да го усвои извештајот за напредокот на Македонија за 2011. година, во која Хауит повторно ја враќа придавката македонски, употребувајќи ги термините македонски јазик, македонски идентитет, македонска култура.

„ Тоа е нешто што сметам дека е во целосна согласност со Обединетите нации, изјави Хауит.

Der Mazedonische Außenminister Nikola Popvski mit Eduard Kukan und Richard Howitt
Хауит (десно) за време на последниот престој во СкопјеФотографија: MIA

„Препораката не е врежана в камен“

Генерално извештајот на Хауит претставува порака до ЕК за употреба на терминот македонски,и штетноста која изоставувањето на истата ја предизвика на државата, па и на регионот.

Поради неговиот став најавени се 164 амандмани за претстојната парламентарна седница на 14. март. Хауит признава дека неколку негови колеги веќе му најавиле дека ќе се изјаснат против извештајот.

Статус-кво ситацијата на Македонија е неприфатлива, смета британскиот европратеник. Тој го поздрави најавениот дијалог на високо ниво меѓу еврокомесарот Филе и премиерот Груевски. Според него, Европската комисија испраќа јасен сигнал дека сака да и‘ помогне на земјата, но потсети и на предупредувањето на Филе дека препораката не е врежена во камен. Таа порака, смета Хауит, беше насочена во две насоки. Едниот кон македонската влада,а другиот кон ЕУ.

Gebäude der EU-Kommission in Brüssel!
Седиштето на ЕП во БриселФотографија: picture alliance / Arco Images GmbH

„Грција да покаже солидарност“

На прашањето зошто на Македонија не и‘ се дозволува решавање на спорот со јужниот сосед на начин на кој тоа на Хрватска и‘ беше овозможено со Словенија, известувачот на ЕП за Македонија објаснува дека секој проблем има свои специфичности и повторно упати на престојниот дијалог на високо ниво меѓу Филе и Груевски, на тој начин охрабрувајќи дека на истиот начин започнало и пристапувањето на Словачка кон Европската унија и покрај негодувањата од страна на Чешка. Во тој контекст Хауит нагласи дека поддршката на соседите е од круцијално значење за Македонија.

„ Мислам дека Грција треба да покаже солидарност, за напорите на Македонија во евроинтегративниот процес. На средбите во Солун договоривме дека сите држави од Балканот кои ги исполнуваат европските стандарди, кои се држат согласност договорите, се добредојдени во Унијата. Европа како целина треба да се придржува до даденото ветување, но и секоја нејзина членка одделно“, изјави во интервју за новинската агенција МИА известувачот за Македонија од ЕП, Ричард Хауит.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Ж. Ацеска