1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Фотографија на денот: Италија е првиот финалист на ЕУРО 2020

7 јули 2021

Италија е во еуфорија - фудбалската репрезентација е по четврти пат во финале на едно Европско првенство

https://p.dw.com/p/3w8Lq
EURO 2020 | Italien vs Spanien
Фотографија: Carl Recine/Getty Images

Вчеравечер со 4:2 по изведување пенали беше совладана репрезентацијата на Шпанија. Селекторот Роберто Манчини призна дека против силните Шпанци била неопходна и многу среќа. „Натпреварот беше тежок, ни предизвикаа тешкотии и страдавме. Пеналите се секогаш лотарија. Комплименти за Шпанија“, рече Манчини по полуфиналето.

Италијанците уживаат во овој посебен триумф и се надеваат дека ќе го освојат ЕП. Овие навивачи на стадионот Вембли носеа знаме со натпис: „Доаѓа во Рим“, алудирајќи на победничкиот пехар. Тие ја живеат, како што напиша „Газета дело спорт“, својата „азурно сина приказна без крај“.