1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Германската репрезентација пред тежок испит

15 јуни 2021

На чекањето му дојде крај - Германија денеска го почнува Европското фудбалско првенство со дуелот против Франција.

https://p.dw.com/p/3uv0M
Bildergalerie Fußballsprache | Die Mannschaft
Фотографија: Thomas Boecker/picture-alliance/DFB

Потежок противник од актуелниот светски фудбалски првак не можеше да се падне, но избраниците на Јоахим Лев велат дека се подготвени и екстремно мотивирани. „Должни сме им на навивачите“, изјави пред натпреварот капитенот Мануел Нојер. Ако се постигне победа против Триколорите, тоа сигурно ќе им даде полет на германските репрезентативци за натамошниот пат на Европското фудбалско првенство, вели Нојер, додавајќи: „Ние самите можеме да бидеме оружје“.

Голем плус за германските момчиња ќе бидат фановите - ќе се игра во Минхен, пред околу 14.000 гледачи. Германија настапува на европските првенства од 1972 година, а вечерашниот натпревар е 50-ти по ред. Досега била трипати европски првак, но последната титула е освоена пред дури 25 години. Германските фанови не посакуваат ништо повеќе од нова радост и повторно искачување на европскиот трон.