1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Рециклажа на заштитните маски- спасоносна идеја?

ЖА /ДВ
1 септември 2020

Луѓето користат еднократни заштитни маски за лице и ги фрлаат. Тоа станува еколошки проблем ширум светот. Една француска фирма нуди решение.

https://p.dw.com/p/3hpus
Frankreich Wiederverwertung geschredderte Masken
Фотографија: AFP/G. Souvant

Новооснованата француска фирма „Плакстил“ планира да започне со рециклирање, таму велат дека искористените маски, во комбинација со пластика, можат да се искористат за производство на нови маски, визири, па дури и кваки за врати. Тоа навистина би значело барем делумно решение на еколошкиот проблем со искористените маски, зашто поради пандемијата на коронавирус, која е неизвесно кога ќе биде ставена под контрола, станува збор за милијарди парчиња.