1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Џокер“ протестира во Франција

СН/дв
6 декември 2019

Изгледа како ликот од популарниот филм „Џокер“- застрашувачки и насилен лик. Со овој кловн забележан на протестите во Марсеј, во секој случај нема смеење.

https://p.dw.com/p/3UIvs
BdTD Frankreich Protest
Фотографија: Reuters/J-P Pelissier

Секој кој го погледал кино блокбастерот „Џокер“,добро ги знае сликите на насилството и застрашувачкaта психичка состојба на главниот лик. Дали е добра идеја тоа што демонстрантот на оваа #ФотографијаНаДенот направена на протестот во францускиот град Марсеј многу личи на филмскиот карактер? Конечно, демонстрантите во Франција имаат сериозни барања и грижи (во прв ред најавената пензиска реформа од страна на претседателот Емануел Макрон) - и чистото насилство не треба да се вбројува меѓу тоа. Како и да е, со овој кловн, не може да се смеете.