1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шарен килим од лалиња

СН/ агенции
24 април 2019

Земјата на лалињата во овој период од годината во полн сјај ја оправдува својата репутација.

https://p.dw.com/p/3HJFf
BDTD Niederlande Tulpenfeld
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Втората половина на април е главна сезона за лалињата во Холандија. Тогаш цели предели во земјата се преобразуваат во шарено море од цвеќиња. Секоја година милиони луѓе доаѓаат во посета на Холандија токму поради расцутените лалиња. Особено омилено место е Којкенхоф во јужна Холандија, каде лалињата се насадени на 32 хектари.