Техника
Фотографија на денот: Чистачот Свингобот
11 јуни 2018Реклама
Свингобот чисти со брзина од два километри на час, висок е 1,30 метри, тежок 470 килограми и „ангажиран“ е на аеродромите. Доколку се покаже добро, договорот за работа ќе му биде продолжен на повеќе години. Ангажманот на Свингобот е неопходен зашто има сѐ помалку заинтересирани кандидати за вработување во браншата на одржување хигиена. Единствената мана му е што чини отприлика колку што изнесуваат две годишни плати на негов колега човек.