1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Честит Божик!

7 јануари 2021

Христијанските верници кои се раководат според Јулијанскиот календар, денеска го празнуваат Божик, денот на Исусовото раѓање

https://p.dw.com/p/3ncKZ
Mazedonien - Orthodoxe Weihnachten
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Православните верниците синоќа го одбележаа Бадник, а денеска го слават најголемиот христијански празник – раѓањето на Исус Христос, годинава во сосема поинакви услови поради пандемијата на коронавирус. Тоа го истакна во своето божиќно обраќање и поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан:

„Состојбата која целиот свет ја преживува, со пандемијата, ни докажа колку човекот е немоќен, и покрај сета своја самоувереност и покрај сите свои достигнувања и знаења. Годината пред нас нека биде време на победа над злото и над непријателствата коишто владеат со светот, нека биде време благопријатно за изобилни духовни плодови и време во кое ќе заврши страдањето од подмолната болест."

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во честитката до верниците порача: „Да ги оставиме настрана гневот и омразата. Да комуницираме со другите луѓе со јазикот на љубовта, да си простуваме и да си помагаме. Да бидеме солидарни и сплотени. Само така ќе можеме да излеземе како победници не само во борбата со пандемијата, туку, и со сите други проблеми и потешкотии со кои животот не соочува. Од светлината и топлината на овој празник да црпиме сила, надеж и добра волја за да создадеме подобра сегашност и посреќна иднина."

Денот на Христовото раѓање ви го честита и редакцијата на македонски јазик на Дојче Веле со желби за многу здравје, среќа, радост...