1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Честит Божик!

СН/ агенции
7 јануари 2019

Христијанските верници во Македонија и во светот кои се раководат според стариот Јулијански календар, денеска го празнувааt Божик, раѓањето на Исус Христос.

https://p.dw.com/p/3B7rc
Weihnachtsgalerie MSOE
Фотографија: Fotolia/vaso

Покрај традиционалната посна семејна вечера за Бадник и разделувањето на лепчето, питата со паричка во многу цркви во Македонија се одржаа празнични богослужби. На празникот во црква се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв.  Денот на Христовото раѓање ви го честита и редакцијата на македонски јазик на Дојче Веле со желби за многу здравје, среќа, радост...