1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Цутењето на црешите и коронавирусот

СН/агенции
25 март 2020

Уште од 12. век во Јапонија со народен фестивал на црешовите цветови се слави доаѓањето на пролетта. Така е и годинава и покрај заканата од коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3ZzdI
Coronavirus Japan Tokio Ueno Park Besucher bestaunen Kirschblüten
Фотографија: Reuters/Issei Kato

Јапонците не можат да му одолеат на раскошот на расцутените цреши и покрај опасноста од Ковид-19. Илјадници луѓе деновиве согласно традицијата се собираат под крошните на штотуку процутените црешови дрва за да уживаат во нивната убавина. За тоа сведочи и оваа #ФотографијаНаДенот направена во паркот Уено во Токио.

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Во Јапонија досега се забележани околу 1200 заразени и 43 починати од болеста која го парализираше светот.