1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Црква претворена во импровизирана болница

ЕМФ
10 април 2020

Англиканската катедрала во северозападен Менхетн, во Њујорк, е претворена во импровизирана болница за најмалку 200 пациенти. Освен тоа, дел од просториите на црквата се отстапени за медицински персонал.

https://p.dw.com/p/3ajsb
BdTD Kathedrale St. John Divine Manhattan New York  Lazarett
Фотографија: Reuters/M. Segar

Една од најголемите цркви во светот изградени во готски стил сака во корона-кризата да и’ помогне на заедницата и да стои на располагање како прибежиште во тешки времиња.

Сојузната држава Њујорк, која има околу 19 милиони жители, е епицентар на корона-кризата во САД. Од вчера доаѓаат зраци на надеж дека најлошото набрзо можеби ќе помине. Имено, бројот на нови пациенти во болниците се зголеми за само 200, што е најмал пораст во последните три недели. Сепак, со 799 починати е забележан нов тажен дневен рекорд. Со тоа бројот на починати од Ковид-19 во Њујорк досега се искачи на над 7000 лица.