1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Црвени кругови во училишниот двор

СН/дв
16 септември 2020

Училиштата во Пакистан се затворени од март. Со оглед на намалениот број на инфекции од коронавирусот, на милиони ученици сега им е дозволено повторно да учат во училиште- секако со неопходната физичка дистанца.

https://p.dw.com/p/3iX06
BdTD Pakistan Coronavirus Wiedereröffnung der Schulen
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K.M. Chaudary

Последни подготовки за учебната година во време на коронавирурот: Црвените кругови во училишниот двор би требало да им помагаат на учениците во пакистанските училишта да ја одржуваат неопходната безбедносна дистанца за време на одморите. По затворањето на училиштата во март, учениците сега се враќаат на настава. Пакистанската влада донесе одлука за повторно отворање на училиштата со оглед на константниот пад на бројот на инфекции.