1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хумористично спакувана забрана

15 октомври 2018

Со хумор креиран знак покрај езерце создадено од рекичката Нида кај Франкфурт на Мајна укажува - дозволено е пливање на нилски коњи до 4 тони тежина.

https://p.dw.com/p/36Xm1
Schwimmen nur für Nilpferde bis 4 Tonnen BdT
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst

Добро утро. Како една забрана да се направи побезболна и полесно да се прифати? Регионалниот парк Рајнмајн на хумористичен начин укажува дека пливањето за луѓе во водите на малото езерце создадено од рекичката Нида кај Франкфурт на Мајна е забрането, но тоа го прави преку знакот на нашата #ФотографијаНаДенот кој покажува дозволено пливање за нилски коњи, а како што е познато, тие можат да бидат опасни.