1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Хорор во метрото во Њујорк

ЖА / агенции
13 април 2022

Њујоршката полиција трага по напаѓачот кој во преполн вагон на метрото активирал димни бомби и пукал во патниците, при што се повредени преку 20 лица.

https://p.dw.com/p/49sG1
USA | New York City | Schießerei in U-Bahn
Фотографија: Will B. Wylde/AP Photo/picture alliance

Нападот се случил вчера (12.04) кога метрото влегувало во подземната станица во квартот Сансет пар во Бруклин. Очевидци го опишале напаѓачот како крупен маж, кој откако си ставил гас маска, отворил две канти од кои почнал да излегува гас, по што пучнал да пука со полуавтоматски пуштол во патниците во вагонот. Десет лица се ранети од куршумите, а 13 добиле повреди од труење со гас.

Напаѓачот веднаш побегнал од местото на злосторството, полицијата која засилено трага по него претпоставува дека дејствувал сам, а неговиот мотив не е познат, нема укажувања за терористички напад. Среќа е што не се случило ништо полошо, истакнуваат од полицијата, со оглед што напаѓачот испукал вкупно 33 куршуми. Пред да го изврши делото, тој на Јутјуб објавил повеќе видеа со долги и делумно агресивни политички тиради и критики кон њујоршкиот градоначалник Ерик Адамс