Здравје
Фотографија на денот: Франција во карантин
30 октомври 2020Реклама
Движењето на граѓаните е ограничено и тие смеат да излезат само доколку одат на работа, на купување или на лекар. Спорт е дозволен еден час дневно во радиус од еден километар од местото на живеење
За разлика од карантинот пролетоска, економијата сега би требало да продолжи со вообичаена работа колку што е тоа можно, а отворени се и училиштата. Баровите, рестораните и продавниците „кои не се неопходни“ се затворени. Не е можно ниту патување во други региони без посебна потреба.
Франција е многу погодена од пандемијата. Последно имаше над 47 илјади новоинфицирани за 24 часа. Во земјата досега од Ковид-19 починаа 36.000 луѓе.