1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Франција во карантин

ЕМФ
30 октомври 2020

Франција е во карантин. Новите мерки стапија во сила ноќеска на полноќ, а треба да траат до први декември.

https://p.dw.com/p/3kdCZ
Frankreich Paris | Leer Straßen in der Nacht vor neuen Corona Einschränkungen
Фотографија: Christian Hartmann/REUTERS

Движењето на граѓаните е ограничено и тие смеат да излезат само доколку одат на работа, на купување или на лекар. Спорт е дозволен еден час дневно во радиус од еден километар од местото на живеење

За разлика од карантинот пролетоска, економијата сега би требало да продолжи со вообичаена работа колку што е тоа можно, а отворени се и училиштата. Баровите, рестораните и продавниците „кои не се неопходни“ се затворени. Не е можно ниту патување во други региони без посебна потреба.

Франција е многу погодена од пандемијата. Последно имаше над 47 илјади новоинфицирани за 24 часа. Во земјата досега од Ковид-19 починаа 36.000 луѓе.