1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Фестивал на пенисот

18 март 2019

На јапонскиот Хонен фестивал се се врти околу плодноста. А симбол за тоа, во локалната јапонска традиција е пенисот. Со многу симболика и саке се посакува добра берба, исполнување на желбите за плодност и добро здравје.

https://p.dw.com/p/3FE2w
BDTD Komaki Honen Festival
Фотографија: Imago/Zuma/T. Yoshida

Јапонскиот фестивал „Хонен саи“ или фестивал на плодноста и добрата берба се прославува повеќе од 1.500 години. Секој година илјадници луѓе доаѓаат во Комаки, предградие на Нагоја. Славјето има и второ име: „Фестивал на пенисот“. Свештениците фрлаат сол на улиците низ кои минува поворката со статуата за да им го прочистат патот. Сакето е бесплатно, а добредојдени се сите.