1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на живот

Фотографија на денот: Уникатен датум за свадба

ЕМФ
30 август 2019

Голем број двојки во Германија сакаат да го кажат судбоносното „да“ во септември. Во многу региони тоа е најомилениот месец за почеток на заеднички живот, а годинава најбаран ден е - 19.9.19.

https://p.dw.com/p/3OjUg
BdT - September mit besonderen Hochzeitsdaten gefragt
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

За овој ден, веројатно заради играта на бројките, речиси никаде нема слободни термини за стапување во брак. Дел од надлежните служби, како на пример во Зул и Нордхаузен, нудат дури и вечерни термини за да се каже судбоносното „да“. Инаку, модерните времиња носат промени и во работењето на матичните служби. Во Констанц, на пример, се нудат венчавки не само на германски, туку и на англиски, унгарски, руски и италијански јазик, а за посебни случаи има дури и можност за пренос на венчавката преку Скајп.