1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Уметност за спас од горештините

СН/ агенции
1 јули 2019

Проектот "Umbrella Sky" („Небо од чадори“) на португалската уметничка Патрисија Куња всушност требаше да внесе малку боја во секојдневието на луѓето во Екс ан Прованс.

https://p.dw.com/p/3LNcC
BDTD Bild des Tages Deutsch | Umbrella Sky Project | Patricia Cunha
Фотографија: AFP/Getty Images/B. Horvat

Но тоа се покажа веројатно како една од најдобрите одлуки на властите во овој град на југот на Франција во последно време. Имено токму овој дел на Франција е зафатен од незапамтен бран горештини со температури до 45 целзиусови степени. Така што уметноста во случајов нуди и малку заштита од сонцето. А кога времето повторно ќе се промени, чадорите веднаш ја менуваат намената- и стануваат заштита од дожд!