1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Укинување на промената на времето

ЕМФ
5 март 2019

Комисијата за сообраќај на Европскиот парламент се изјасни се укинување на промената на сметање на времето од 2021 година.

https://p.dw.com/p/3ERYD
Symbolbild Zeitumstellung der Weltzeituhr
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Seeger

23 пратеници во Брисел се изјаснија „за“ укинување, а единаесетмина беа против. Европската комисија првично имаше намера промената од летно на зимско сметање на времето и обратно да биде укината уште од 2019 година, но земјите членки на ЕУ бараат многу повеќе време за подготовка. Според планот на ЕК, секоја земја може сама да се одлучи во која временска зона ќе остане. ЕУ-државите треба на ЕК до април 2020 година да ѝ соопштат кое време ќе го задржат. Европскиот парламент за укинување на промената на времето на пленарна седница ќе расправа и гласа најверојатно на крајот на март.

На #ФотографијаНаДенот часовникот кој го покажува светското време изработен од Аугуст Нол во 1885 година.