1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тиква од 400 килограми

СН/ агенции
21 септември 2018

Германија традиционално на почетокот на есента го прогласува „Кралот на тиквите“. Годинава оваа престижна титула ја освои „Тикварот Оли“ со своето џиновско „чедо“.

https://p.dw.com/p/35Etf
BdT - Kürbiszüchter mit Riesengemüse
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Оливер Лангхајм од Бранденбург на оваа #ФотографијаНаДенот гордо го претставува своето ремек-дело во одгледувањето на тикви, кое му ја донесе титулата „Крал на тиквите“ на Германија за 2018 година. Станува збор за тиква тешка цели 400 килограми од сортата „Атлантик Џајант“, која „Тикварот Оли“ ја одгледал во сопствената градина.