1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

„Твојата визија на небото над Берлин“

2 ноември 2019

Огромен бран пораки на граѓаните се вее над Бранденбуршката порта пред 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

https://p.dw.com/p/3SMaW
BdTD Berlin Installation "Visions in Motion"
Фотографија: AFP/T. Schwarz

Што посакувате и на што се надевате? На ова прашање одговорија 30.000 граѓани на Берлин во неколку реченици, а нивните желби и пораки се втиснати на 150 метри долги ленти кои во форма на бран се веат над Бранденбуршката порта во германската престолнина. Уметничката акција „Визија во движење“, организирана по повод претстојната 30-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид, го има мотото: „Твојата визија на небото над Берлин“.