1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тага по пожарот во зоолошката градина во Крефелд

СН/дв
2 јануари 2020

Во пожарот кој избувна во сместувалиштето за мајмуни веднаш по полноќ во новогодишната ноќ загинаа 30-тина животни- горили, орангутани, шимпанзи...

https://p.dw.com/p/3VaQ2
BdT Gedenkkerzen Nach dem Brand im Krefelder Zoo
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Forstreuter

Пред портите на богатата со традиција зоолошка градина во германскиот град, бројни граѓани положија свеќи, цвеќе, писма и плишани животни. „Загинаа за вашата новогодишна разонода“, пишуваше на еден плакатите оставен пред портите на зоолошката градина. Пожарот , како што јавуваат медиумите, најверојатно бил предизвикан од пиротехничко средство, кое е забрането за приватна употреба во Германија. Пожарот во Крефелд е една од најтешките несреќи во зоолошките градини во Германија во последните децении