1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Сурферски подготовки за Олимпијадата

СН/агенции
5 август 2019

Плажата Пунта Рокас во Перу е легендарен предел за сурферите од целиот свет. Деновиве таму се среќаваат некои од најдобрите во оваа спортска дисциплина

https://p.dw.com/p/3NLNC
BdTD Lima 2019 Pan Am Games Punta Rocas Beach SUP Daniel Hughes
Фотографија: Getty Images/B. Mendes

На плажата Пунта Рокас, која се наоѓа на 60 километри јужно од перуанскиот главен град Лима имено се одржуваат натпреварите во сурфање во рамките на Панамериканските спортски игри. Сурферите не само што треба да го покажат најдоброто во трката за титулата панамерикански шампион туку истовремено вежбаат за уште поголемата задача: во наредната година на Летните олимписки игри во Токио сурфањето за првпат ќе биде застапено како олимписка дисциплина.