Сурфање на езеро
11 март 2019Реклама
Химзе е најголемото езеро во Баварија, и на оваа #ФотографијаНаДенот, тоа го оправдува прекарот „Баварско море“. Под налетот на „Еберхард“ во езерото во германската покраина вчера се формираа бранови, кои се погрижија за барем малку „океанско чувство“ меѓу виндсурферите. И во новата недела времето во Германија останува спортско: скијачите и останатите љубители на зимските спортови можат да се радуваат на нови снежни врнежи на Алпите.