Страшило за возачи
15 август 2018Реклама
На оваа #ФотографијаНаДенот е доказот за нивната досетливост. Кукла во полициска униформа со макета на радар за брзина стои на работ на многу прометниот пат кој минува низ ова германско село. Ова „страшило“ треба да ги предупреди возачите да не возат пребрзо. Жителите на селото со години бараат изградба на обиколница за да се намали големиот сообраќај низ местото.