1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Спремни за на трпеза

22 ноември 2018

За разлика од двете мисирки кои ги помилува американскиот претседател Доналд Трамп по повод националниот празник, Денот на благодарноста, овие германски гуски нема да го избегнат печењето во рерна.

https://p.dw.com/p/38hJX
BdT Weidemastgänse in der Wedemark
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Hollemann

Традиционално во предбожикниот период и на Божик на германските трпези се наоѓа печена гуска. На нашата #ФотографијаНаДенот гледате јато товени гуски на ливада во Ведемарк. За гурманското задоволство Германците годинава ќе треба подлабоко да брцнат во џебот - според Германската комора за земјоделство, цената на гускино месо од домашно производство се движи меѓу девет и седумнаесет евра по килограм.