1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Спорт на отворено по седум недели

СН/агенции
4 мај 2020

Шпанците веќе два дена уживаат во излегувањето надвор и спортувањето на отворено по речиси седумнеделната строга забрана за излегување поради коронавирусот. Денеска во сила стапуваат натамошни ублажувања на рестрикциите.

https://p.dw.com/p/3bjXV
BdTD - Spanien | Sport im freien wieder erlaubt
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Jordan

Истегнување на свеж воздух, конечно. По цели 48 дена многу строги правила за движење, оваа дама во Валенсија беше во можност да вежба на отворено. На возрасните во Шпанија од саботата а им е дозволено да се занимаваат со рекреација на отворено во периодот од 6 до 10 часот наутро и до 8 часот и 11 часот вечерта.

Децата до 14 години се смееја од минатата недела, помеѓу пладне и 7 часот по полноќ, додека најстарите сограѓани имаат специјални периоди.

Шпанија денеска укинува и други ограничувања воведени поради корона-кризата, но со бројни мерки на претпазливост.  Така на пример рестораните нема да им послужуваат храна на гостите, туку само ќе им врачуваат јадења што тие претходно ги нарачале за да ги однесат дома.

Повеќе:

-Италија и Шпанија - жаришта на коронавирусот во Европа

-И Шпанија ја надмина Кина по бројот на починати од Ковид-19

-Шпанија: Рекорден број новозаразени и починати за 24 часа

Продавниците со помалку од 400 квадратни метри ќе можат да отворат, но ќе можат да го примат само по еден муштерија, а останатите мора  уредно да чекаат ред надвор. Заштитни маски ќе мора да се носат во јавниот превоз. 

Шпанија е една од најтешко погодените земји во Еропа од пандемијата на коронавирусот. Досега од Ковид-19 таму се разболеле близу 220 илјади луѓе а преку 25 илјади починале. Бројките на новозаразени и на поинати, меѓутоа, со денови значително се намалуваат.