ПанорамаКанада
Спектакуларен поглед на водопадите на Нијагара
29 јуни 2022Реклама
Новиот тунел дава можност водопадите да се доживеат на сосема нов начин. Посетитетлите се симнуваат со лифт со стакло на длабочина од околу 55 метри под првата голема електрана на Нијагарините водопади, а потоа минуваат тунел долг над 600 метри. На крајот од тунелот има платформа која овозможува спектакуларен поглед на водопадите.
Некогаш тажната и запуштена електрана е претворена во историски музеј. При спуштањето со лифтот се гледаат фасцинантни експонати, кои покажуваат како во 1901 година се вршеле ископувања со фенери, рудиментарен динамит, копачи и лопати.