1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Со пушка и шамија на прaгот од куќата во Нагорно Карабах

6 октомври 2020

Доаѓаат времиња кога човек мора самиот да си помогне. Тоа сега особено важи во Нагорно Карабах, каде борбите не престануваат.

https://p.dw.com/p/3jTxE
BdTD Berg-Karabach Konflikt
Фотографија: Pablo Gonzalez/Agencia EFE/Imago Images

Кој сака да знае што значи зборот војна за обичните луѓе, нему оваа бабичка, седната со пушка на прагот од својата куќа во Степанакерт, има што да му каже.

Додека брбите во регионот не престануваат, Азарбејџан ја обвинува Ерменија дека извршила ракетни напади врз „азарбејџански цивили и цивилна инфраструктура“. Ерменската влада, пак, ја обвинува азарбејџанската армија дека „свесно напаѓа цивилно население“ во Степанакерт и други градови. Од почетокот на борбите пред околу две недели досега се убиени најмалку 19 ерменски и 44 азарбејџански цивили. Извештаите за жртвите, меѓутоа, не се целосни, Двете страни во конфликтот зборуваат за илјадници убиени борци на страната на противникот и се фалат со воени успеси.

Поранешните советски републики Ерменија и Азарбејџан со децении се во конфликт околу регионот Нагорно Карабах, каде во мнозинство се Ерменците. Самопрогласената Република Нагорно Карабах не е призната во меѓународни рамки и меѓународно правно важи за дел од Азарбејџан.