Снег среде лето
28 август 2018Реклама
По значителниот пад на температурите во Европа, во повисоките региони падна и многу снег. На некои мерни станици на австриските Алпи забележани се околу 40 сантиметри нов снег. А бела покривка има и на највисокиот германски планински врв Цугшпице. На оваа #ФотографијаНаДенот може да се видат работите на расчистување на снежната покривка на прочуената панорамска платформа на Цугшпице.