Религија
Скопје го пречекува папата
7 мај 2019Реклама
По официјалниот пречек, поглаварот на Римокатоличката црква во претседателската резиденција Вила Водно на официјална цеременија ќе има побраќање пред претставници на македонскиот државен врв, граѓанските организации и дипломатскиот кор. Планирана е и средба на папата со верските лидери во Спомен куќата на Мајка Тереза. Кулминација на посетата треба да биде Светата литургија со папата на плоштадот Македонија, кој за таа цел, впрочем како и целата македонска престолнина, беше „разубавен“. Ова е прва и воедно историска посета на еден папа на Северна Македонија. За папата Франциско пак ова е 42. земја која ја посетува откако во 2013 година беше востоличен за поглавар на Римокатоличката црква.