1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Фотографија на денот: Силен земјотрес во Перу

ЕМФ
29 ноември 2021

Силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди северот на Перу. Повредени се најмалку десет лица, а оштетени се повеќе објекти.

https://p.dw.com/p/43bV7
Peru Erdbeben Präsident Pedro Castillo
Фотографија: Peruvian Presidency/AFP

Епицентарот на земјотресот бил во ретко населен регион, на околу сто километри источно од градот Санта Марија де Ниева. Со оглед на што се случил на голема длабочина од 131 километар, потресот бил почувствуван во големи делови од земјата, посебно во северниот и централниот дел, како и на брегот и во главниот град Лима, кој претходно беше погоден од земјотрес со јачина од 5,2 степени.

Во Санта Марија де Ниева, во близина на границата со Еквадор, каде живеат главно припадници на индигените малцинства, се урнати повеќе објекти, а снема и струја. Во регионот погоден од потресот веднаш замина претседателот на Перу, Педро Кастиљо (на фотографијата лево), кој на граѓаните им порача дека не се сами и вети помош.

Во Перу има често земјотреси. Земјата се наоѓа на т.н. Пацифички огнен прстен, регион со чести тектонски поместувања.